– Слушаме исти три пораки од младите во земјава. Првата е дека тие имаат потреба од образовен систем кој ќе ги подготви за подобро да се справат со вистинските потреби кои се создадени на пазарот на труд. Втората порака е дека тие се подготвени и сакаат да ги прифатат различностите во општеството како нешто што збогатува наместо да разделува. И последната порака е дека тие треба гласно да ги изразат своите потреби и да дејствуваат заедно доколку сакаат да ја оформат иднината која ќе обезбеди подобар живот за нив и нивните семејствa – изјави Луиза Винтон, постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија.
– Верувам дека е навистина значајно што младите имаат желба, и активно партиципираат во давањето сугестии за подобрување на иднината која токму тие ќе треба да продолжат да ја градат. Фокусот на младите е од големо значење, а давањето шанса токму тие да дадат издржани предлози за подобрување на состојбите, говори дека Македонија има млади луѓе кои еден ден активно ќе се вклучат во изградбата на подобар свет за живеење, според нивните желби и идеи – изјави министерот Диме Спасов.
Во изминатиот период, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) организираше низа работилници, со цел младите од Македонија да ги споделат своите идеи и визии за тоа во каква Македонија и во каков свет сакаат да живеат до 2030 година. Гласот на младите од Гевгелија, Штип, Охрид, и од Скопје беше пренесен во живо до над 20 земји во рамките на промотивните активности поврзани со објавата на „Извештајот за состојбите на светското население – 2014”.
Последната работилница која се одржа во Скопје, а на која присуствуваа претставници од невладиниот сектор и студенти, беше одлична можност и за младите од главниот град да се вклучат во понудата на практични решенија, насочени кон подобрување на состојбите во светот. Пред одржувањето на истата, Македонија се вклучи во испраќањето на своите пораки за подобра иднина на Регионалната конференција во организација на УНФПА, на која повеќе од 20 држави ги споделија своите пораки преку специјално одбрани амбасадори за оваа цел.
Со порака и извршниот директор на УНФПА, д-р Бабатунде Остомехин, кој рече дека иако денеска во светот живеат 1,8 милијарда млади луѓе и тие истовремено претставуваат голема сила која може да ја подобри индината. Младите луѓе се иноватори, креативци, градители и лидери на иднината. Но, тие тоа можат да го сторат само доколку поседуваат вештини, доколку се здрави, знаат да донесат одлуки и вистински избори во нивниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст