| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Правата на детето се основа на слободата, правдата и на мирот во светот

Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и на мирот во светот. Од почитувањето на нивните права зависи иднината на секоја држава. За кого инаку градиме патишта ако не за нашите деца? За кого градиме училишта и спортски сали? Дали можеме да имаме економски пораст ако дозволиме да се занемари најважното во нас, а тоа е грижата за нашето потомство?

Macedonia's President Gjorge Ivanov addresses the audience during the Eurasia Economic Summit in Istanbul

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, по повод 20 ноември, Меѓународниот ден на детето, упати порака во која истакнува дека правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и на мирот во светот.

– Пред 25 години светот ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Со оваа Конвенција човештвото првпат во историјата јасно и недвосмислено ги дефинираше неотуѓивите права на најмладите граѓани на државите во светот. Правото на живот и здравје, опстанок и развој, заштита, образование и еднакви можности, независно од полот, јазикот, етничката, верската, социјалната или која било друга припадност. Конвенцијата утврди дека детето, како и возрасните, има неотуѓиво право на човечко достоинство, на слобода на мислење, совест и вероисповед, но и право на зачувување на сопствениот идентитет.

Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од почитувањето на нивните права зависи иднината на секоја држава. За кого инаку градиме патишта ако не за нашите деца? За кого градиме училишта и спортски сали? Дали можеме да имаме економски раст ако дозволиме да се занемари најважното во нас, а тоа е грижата за нашето потомство?

Во Република Македонија, како и на многу други места низ светот, семејството се наоѓа под удар на повеќе фактори. Од многуте ги издвојуваме социоекономските предизвици, губењето на традиционалните семејни вредности под влијание на модерното темпо на живот, се поголемите обврски кои не дозволуваат доволно заедничко време со децата.

Затоа, семејството треба да има примат при заштита и поддршка на децата. Неопходно е семејството да остане основен стожер на општеството и уште повеќе да ја зајакне својата улога. Мора да продолжиме да се залагаме за негова посебна заштита од страна на институциите. Државата мора да биде и да остане најсилниот сојузник на семејството, на родителите и на нивните деца. Мора да работиме на намалување на социјалните ризици на кои е изложено семејството, а со тоа и децата. Секое семејство треба да биде дел од големото семејство, државата -се наведува во пораката од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top