| четврток, 6 декември 2018 |

Станува ли Унгарија нова Украина?

539460_madjarska02foto-reuters_fУнгарскиот премиер Виктор Орбан и неговите министри во судирот меѓу Унгарија и Русија отворено се држат на руската страна што предизвикува гнев не само меѓу водечките членки на Унијата туку и во САД.

Вашингтон веќе забрани влез во САД на одредени блиски соработници на Орбан обвинувајќи ги за корупција. „Интернешнал бизнис тајмс“ во својата анализа за ситуацијата во Будимпешта го поставува прашањето дали Унгарија станува нова Украина.

Сајтот наведува дека Унгарија е постабилна од Украина и дека е малку веројатно во неа да се развијат насилни судири, но растечките антивладини демонстрации можат да отворат нов фронт меѓу Европа и Русија.

Околу 10.000 демонстранти во понеделникот во унгарската престолнина извикуваа Европа, Европа, порачувајќи му на Орбан дека „смрди до небо“ и барајќи оставка од директорот на Националната управа за даноци и царина, кој е на американската црна листа.

Студентите бараа смена на премиерот и порачуваа дека не сакаат да ги води кон Путин и Русија. Ситуацијата личи на таа на плоштадот „Мајдан“ во Киев минатата година пред превратот со кој беше симнат од власт Виктор Јануковиќ.

Како што Јануковиќ потпиша договор со Путин за инвестиции вредни околу 12 милијарди евра, Орбан се врза финансиски за Москва со потпишување на договор вреден 12,5 милијарди евра за обнова на единствената унгарска нуклеарна централа „Пакс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top