| четврток, 6 декември 2018 |

Сенатот во САД нема да стави крај на масовното прислушување

111681645-630x289

Сенатот на САД го блокирал законот со кој би се ставило крај на масовното прислушување на телефони од Агенцијата за национална безбедност. Предлог-законот беше поддржан од демократите и од конзервативните републиканци, загрижени за приватноста на Американците.

Тие, сепак, не ги обезбедија потребните 60 гласа за спроведување на предлог-законот. Според неговите противници, од него би имале корист непријателите на САД, вклучувајќи ги и џихадисти од Исламска држава.

Ова е прва законодавна мерка разгледувана од Сенатот, во врска со откритијата на поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност, Едвард Сноуден.

Според судскиот систем на САД, американските тајни служби имаат потреба од судска дозвола само за набљудување американски граѓани. Ова не е прв пат разликите меѓу интересите на националната безбедност и човековите права да предизвика жестока дебата при дискусија на законот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top