– Реакцијата на студентите е во функција на изнаоѓање начини за водење дијалог во нашето општество, како да се излезе во пресрет на сите предизвици на високото образование – изјави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во врска со студентскиот протест при денешната посета на општина Ново Село.
– Како претседател, но и како универзитетски професор, секогаш сум посветувал внимание на сите предизвици со коишто се соочуваат младите. Во целиот свет има реформи во високото образование. Секоја реформа бара вклучување на сите надлежни субјекти за наоѓање најдобри можни начини и решенија коишто ќе бидат од корист и за институциите и за студентите. Треба да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови. Треба да се поттикне дијалогот со надлежните институции за да можеме сите да имаме корист од овие промени, и студентите, и стопанството, институциите, како и целото општество, бидејќи високото образование, пред сѐ, е подготовка на луѓе за самостоен живот – рече Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани