| четврток, 6 декември 2018 |

Нилски коњ превртел чамец, загинати 12 деца

hippopotamus_amphibius_fa9975

Нилски коњ превртел пирога (чамец) во Нигер и предизвикал смрт на 12 ученици, пренесува „Франс прес“ повикувајќи се на властите. Загинале седум девојчиња и пет момчиња, сите тие биле на возраст од 12 и 13 години.

download

Пирога

Трагедијата се случила во понеделникот во реката Нигер, во близина на главниот град Ниамеј. Во чамецотсе возеле најмалку 18 лица, од кои повеќето деца кои оделе на училиште.

Нилските коњи се склони кон агресивност , особено кога имаат бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top