Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, изразил подготвеност да го потпише коалициониот договор предложен од претседателот на источноевропската земја, Петро Порошенко.
– Го разгледавме многу внимателно проектот на претседателот за составување на нова влада и јавно изјавувам:
-„Подготвен сум да ставам потпис на овој документ, рекол премиерот.
Тој ги повикал и другите партии да го поддржат предлогот на Порошенко. Во преговорите за нов кабинет учествуваат партиите на претседателот „Блок на Петро Порошенко“, партијата на премиерот „Народен фронт“, партијата на поранешниот шеф на владата во Киев, Јулија Тимошенко „Татковина“, предводена од градоначалникот на западниот град Лавов, Андреј Садовиј „Само-помош“ и Радикалната партија на Олег Лашко.
Првото заседание, по изборите на 26-ти октомври, ќе се одржи на 27 ноември, дополнува Интерфакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.