| четврток, 6 декември 2018 |

Гарсониера во Банско чини 10.000 евра

the_ski_resort_in_bansko_2За 10.000 – 15 000 евра може да се купи еднособен стан или гарсониера во големите ски одморалишта во Бугарија, покажува истражувањето на весникот “Монитор”. Според весникот оваа зима донесе извесно заживување во овој сегмент, а главна причина за тоа е поевтинувањето на недвижностите, велат агентите за недвижности.

Според Полина Стојкова од „Бугарски имоти“ (Bulgarian properties) вели дека по падот од близу 20% на понудата и на цените на недвижностите во зимското одморалиште Банско, во 2012 година интересот кај купувачите се враќа и во последните месеци пазарот во ски одморалишта се стабилизира, пренесува порталот Фактор.

Банско останува со најниска понудата на цени за недвижнини за одмор и рекреација. Во ова планинско гратче, најскапо се продава декориран дом во затворен комплекс. Цена на двособен стан се движи од 15.000 до 65.000 евра, а максималната понуда е за стан со голф клуб.

Во Пампорово цените за гарсониерите се нудат на продажба од 13.700 до 53.100 евра. Највисоката понуда е за имот во комплекс од 94 апартмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top