Автомобил марка „фиат“ и такси возило се судија утрово на раскрсницата на булеварите „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.
Според првичните информации нема повредени, а причинета е поголема материјална штета.
Поради судирот, сообраќајот на крстосницата веќе подолго време е закочен. На местото на несреќата има и полициска екипа која врши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.