Кога „децата“ ќе станат големи ѕвезди, а родителите на сила се обидуваат да дојдат до нивните пари, опцијата за откажување од родителите често е сигурносна мрежа за децата.
Понекогаш децата и родителите потпишуваат договори, каде родителите не дозволуваат децата да им бидат искористувани и на сетот да работат повеќе од 8 часа дневно. Обично некои родители ги форсираат своите деца да работат што повеќе за да земат повеќе пари.
Овие ѕвезди се решиле од своите проблеми кои им ги приредувале родителите
Меколи Калкин
Меколи е една од најмладите ѕвезди, кој влезе во глумата на 4 години, а улогите во хит филмовите му се редеа „Сам дома“, „Мојата девојка“, „Ричи Рич“.
Со свои 16 години Меколи поднел тужба против своите родители како решение да се одрече од нив затоа што тврдел дека родителите му ги зеле сите пари од проектите. Меколи го добил случајот и родителите морале да му испралат 17 милиони долари.
Дру Баримор
Таа е родена во семејство на глумци и уште од 7 години стана голема ѕвезда по улогата во филмот „И Ти“. Нејзиниот однос кон родителите бил бунтовнички и уште од нејзини мали нозе почнала да пие и пуши.
Дру Баримор мислела дека родителите лошо влијаеле врз неа, па по рехабилитацијата на свои 15 години се откажала од нив. Набрзо по тоа нејзинот татко починал, а со мајка си нема никаков однос.
Џулиет Луис
Глумицата се откажала од своите родители на 14 години и велувале или не, не постоела конретна причина за тоа. Никогаш се немаат скарано, а родителите ја подржувале во одлуката Џулиет да биде по самостална и и помагале низ кариерата. Една од причините и биде дека дете без родители може само да одлучи дали сака да работи повеќе од 8 часа дневно, а Џулеит секогаш зборувала дека ги има најдобрите родители на свет. Ова е еден од ретките примери за ваквиот однос.
Корни Лав
Нејзините родители се развеле кога имала 5 години, а мајка и ја одвела да живее во Комуна во Орегон. Нејзиниот плув Франк Родригез ја посвоил, но кога Кортни наполнила 12 години нејзината мајка се развела и од него. Мајка и се одселила во Нов Зелан, но набрзо се вратила во Орегон за да ја обнови врската со поранешниот сопруг. Поради кражби и кршење на законот, Кортни се селела од дом во дом се додека не наполнила 16 години и се осамосталила.
Роуз Мекгоун
Роуз имала тешко детство. Поминала многу време на рехабилитација како тинејџер затоа што момчето на нејзината мајка тврдел дека Роуз употребува наркотици, а причината за тоа било дека цело време била облечена во црно. Роуз негирала дека користи наркотични средства, но не и верувале. Се откажала од родителите и отишла да живее кај својата тетка во Сиетл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.