На водичот на навивачката група „Делии“, Иван Богданов, судот му забрани присуство на стадион кога игра репрезентацијата на Србија.
Тоа го потврди и комесарот за безбедност од Фудбалскиот сојуз на Србија, Миливој Мирков.
– На Богданов му беше забрането да присуствува на натпреварите на Србија уште од претходно, но на дуелот со Албанија не беше стапена во сила. Би рекол дека Богданов не е најголемиот проблем на нашите стадиони. Треба тоа да се разгледа пошироко, за да се реши проблемот. Понекогаш казнените мерки можат да бидат поблаги, но поефикасни – изјави Мирков.
ФСС нема право да му забрани на никого влез на стадион, но судските органи имаат.
– Сето тоа е под надлежност на судските органи – додаде Мирков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.