Основните училишта во Општина Струга доцна попладнево беа повторно вклучени во системот за електрично напојување откако минатата седмица ЕВН –Македонија им ја исклучи струјата заради неплатените сметки.
– Денеска во попладневните часови состојбата со електричната енергија во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, како и во подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда се нормализира и од утре продолжуваме со нормална настава, изјави в.д. директорот на ова училиште Тони Савески.
Заради темните и незагреани училници, наставата во струшките училишта во текот на изминатите денови се одвиваше со скратени часови, кои траеја по 10 минути.
Општина Струга презеде обврска да го сервисира нивниот долг, кој изнесува околу пет милиони денари. Раководството на општината во договор со ЕВН издејствувало плаќање на заостанатиот долг за потрошена електрична енергија на рати.
Во Струшкиот регион настава следат околу 5 илјади основци кои, само неколку седмици пред да им биде исклучена струјата, се соочуваа со недосиг на нафта за греење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.