Уште еден Албанец од Балканот загинал на боиштата во Сирија, како припадник на Исламска држава. Како што пренесуваат косовските медиуми станува збор за триесетгодишниот Т.С. од селото Жур, кај косовскиот град Призрен.
Сега убиенот во Сирија заминал пред една година, а дека е убиен потврдиле неговите роднини. Како и другите убиени Албанци и тој бил погребан на сириско тло.
– И покрај акциите на косовската полиција за апсење на организаторите за одење на боиштата во Ирак и Сирија, апелите на Поглаварот на Исламската верска заедница да не се оди да се гине попусто, зајакнатите контроли на аеродромот… не престанува заминување на младите Косовци, констатираат косовските медиуми, додавајќи дека поради политичката криза инситуциите не успеале да усвојат закон со кој до одредена мерка ќе се намалеше заминувањето на боиштата надвор од земјата.
На страната на ИД неофицијално се борат околу 500 Албанци од Балканот, а колку се загинати повеќе и не се брои. Неофицијално се шеесетина, од кои 35 се од Косово, дванаесет се од Македонија, единаесет од Албанија и еден од Бујановац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!