| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ доби музички субвенции?

Адријан Гаџа, Миле Кузмановски и Роберт Саздов во категоријата на ѕвезди, се изведувачите кои ќе добијат највисоки субвенции за песните со кои конкурираа на третиот квартал  на конкурсот за создавање на нови композиции.

Композициите кои ќе ги изведуваат Тамара Тодевкска, Сара Мејс, Александар Тарабунов и други, исто така добија зелено светло.

Целосната листа погледнете ја тука.

Тамара и Миле Кузмановски, со други композиции се најдоа и на листата на одбиени во овој трет квартал.

Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови комопзиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top