Елена Ристеска во наредното издание на телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“ ќе ја имитира Џеси Џеј, а за време на снимањето се случил инцидент и пејачката за малку ќе се задавела на гламурозната сцена, пишува Дневник.
–Едно од многуте светкави камчиња што ги имав на устата какви што Џеси Џеј има во спотот од кој се инспириравме ми застана во грлото и за малку ќе се задавев. Сепак, се снајдов и покрај таа мала незгода, собрав сили и ја отпеав песната професионално до крај – раскажува Елена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.