| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија меѓу најдарежливите во регионот

листа

Листата е формирана по процентот на давање добротоворни прилози во хуманитарни цели, волентерско работење или едноставна помош на странците.

Таканаречниот индекс на дарежливост ги покажува следните податоци:
-1,4 милијарда луѓе донирале пари оваа година.

– Потрошени се една милијарда часови волонтерско работење.

– Само неколку најмоќни држави, членки на Г-20, се наоѓаат на врвот на листата.
-2,3 милијарди луѓе им помогнале на странците на улица.
-Луѓето постари од 50 години се подарежливи од младата популација.
– 91 отсто од населението на Бурма донирало пари, само минатиот месец!

Првото место го делат САД и Бурма (инаку една од најсиромашните држави во светот), по што следуваат Канада, Ирска и Нов Зеланд.

мапа

На листата од 135 земји, Словенија се наоѓа на 34. позиција, Македонија на 72. место, додека БиХ и Хрватска се наоѓаат на 103., односно 130. позиција. Србија се наоѓа на 124. место.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top