Руската тенисерка Марија Шарапова пред новинарите признала дека не знае да готви и да танцува.
– Не можам да кажам дека танцувам прекрасно. Има многу работи кои не можам да ги правам совршено. Не можам да готвам добро бидејќи немам време за тоа. Но, јас сакам добра храна и се надевам дека еден ден ќе ги научам кулинарските вештинии за да можам да готвам за моите деца во иднина – рекла Шарапова.
Спортистката признала дека е израсната со традиционалната руска кујна, сака борч и салати, кои едно време ѝ ги готвела нејзината баба.
– Јадев борч, кнедли и разни салати. Не обожавам чиста вотка, но во коктели, тоа веќе е нешто друго – рекла Шарапова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.