Композиторката Кристина Ковач, најпозната кај нас како дел од жирито на балканскиот „Икс-фактор“, вели дека продукцијата на шоуто ги уништила сите шанси за напредок на талентираните учесници.
„Ми доаѓа да заплачам. Го проколнувам фактот што кај нас на повеќето вакви шоуа се работи несериозно. Овие деца (групите „4U“ и „Доктори“) покажаа таков квалитет и таков потенцијал, што е трагично неверојатно што продукцијата на шоуто во кое учествуваа од овие луѓе не направи ѕвезди, почнувајќи веднаш по завршувањето на шоуто, како што се прави тоа насекаде во светот со потпишани договори и однапред припремени планови. Истото важи и за Кајмакоски, се разбира.
Џабе во Србија квалитет, џабе сѐ. Дилетанти и аматери успеваат да ја уништат секоја шанса за промена“, пишува Ковач во новата исповед на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.