| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот во 2008 година и денес

L

Економската криза, освен на финасиите, влијае негативно и на сексуалниот живот. Резултатите од едно британско истражување покажуваат дека двојките денес во просек имаат четири пати месечно сексуален однос, додека во 2008 година тоа било седум пати.

Освен пореткото водење љубов, сѐ помалку луѓе се задоволни од сексуалниот живот. Пред шест години 76 отсто од луѓето биле задоволни, а сега тоа за 13 отсто е помалку. Исто така во 2008 година половина од мажите сметале дека нивната вештина во креветот била извонредна, а сега така мислат третина од мажите, а третина од нив и воопшто немаат сексуални односи на месечно ниво.

Жените својата инспирација за секс ја бараат во еротските романи како што е „50 нијанси сиво“, а мажите во порнографијата на интернет.

Сепак, резултатите покажуваа една интересна карактеристика која оди во прилог на жените, а тоа е дека тие се позаводолни од сексуалниот живот во однос на мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top