| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Мојата апликација заслужува одговор“ до поголема општествена одговорност на компаниите

По втор пат оваа година Ротаракт клубот „Скопје Центар“ ја организира кампањата на проектот „Мојата апликација заслужува одговор“.

Водени од искуството на младите дека во денешно време сѐ повеќе се соочуваат со проблеми при аплицирање за работни места,Ротаракт клубот „Скопје Центар“ спроведува кампања која цели кон подигнување на општествената одговорност на компаниите. Целта на проектот „Мојата апликација заслужува одговор“ е да се мотивираат компаниите да дадат повратен одговор на добиена работна апликација.

Кампањата интензивно се одвива двапати на годишно ниво. Во овој временски период на приватните компании ќе им биде презентирана и понудена платформа за автоматско одговарање на добиените апликации која ќе се состои од благодарност за примената апликација и дополнителна информација за процесот на избирање на кандидатите.

Имплементирањето и прифаќањето на овој проект цели кон намалување на неизвесноста накандидатот во исчекување, но и истовремена можност кандидатот да аплицира на друго место доколку добие негативен одговород од првиот работодавец. При применување на ваквиот одговор на добиена работна апликација, компаниите даваат една позитивна слика која алудира дека секој апликант и сечие време е вредно да се удостои со одговор.

Со почнувањето на оваа кампања ќе бидат исконтактирани над 150 компании кои имаат отворени огласи за работни позиции, а Ротаракт клубот „Скопје Центар“ ќе се обиде да влијае на компаниите да ја зголемат својата општествена одговорност и одговорноста на своите сектори за човечки ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top