Откако пред две години е основан руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш, не престануваат шпекулациите дека всушност станува збор за руска воена база. Таквите шпекулации, секако, поставуваат и прашање дали е тоа обид за создавање противтежа на американската воена база Бондстил на Косово, пишува „Јутарњи лист“.
Иако рускиот хуманитарен центар во Ниш службено важи за седиште од кадешто Русите сакаат да помогнат во елементарни непогоди, без никакви воени намери, се чини дека се провлекува приказната дека неговото постоење е различно од она што јавно се кажува, пишуваат српските медиуми.
Екипата на „Јутарњи лист“ се упатила на нишкиот аеродром со очекување дека ќе наидат на воена полиција или сили на безбедност, но немало ни трага од борбени авиони, тенкови, оклопни транспортери или пак вооружени стражари и војници. Во просториите на хуманитарниот центар се влегува без никаква сигурносна проверка.
Српски „Курир“ пишува дека наместо во униформа украсена со одликувања, каков што е стереотипот во прикажувањето на руските војници, Анатолиј Башкирев, заменик-директорот на руско-српскиот хуманитарен центар е лежерно облечен и спремен да одговори на сите новинарски прашања.
Тој гордо истакнува дека откако е потпишан договорот за основање на хуманитарниот центар меѓу Белград и Москва, само еден ден била потрабна руската помош за мајските поплави во Србија да стигне до загрозените подрачја.
Ако барем нешто има војничко во центарот, тогаш тоа е уредната сала, кадешто се се наоѓа на своето место и спремно за употреба кога ќе има потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.