| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките анархисти го запалиле американското знаме пред амбасадата на САД во Атина

photo_verybig_1358668

Петмина полицајци се повредени и седум демонстранти се уапсени во Атина на овогодинешната поворка на 17 ноември. Демонстрантите ја прославија 41 -годишнината од бунтот во атинската Политехника , кој довел до соборување на воената хунта во Грција (1967-1974 година ).

path_164144

Тие се упатуваат секоја година кон амбасадата на САД во знак на протест против улогата на тогашните американски тајни служби во воспоставувањето на диктатурата.

path_164142

Според податоци на полицијата во демонстрациите оваа година учествувале 18 илјади луѓе во главниот град и 14 илјади во Солун. Иако биле превземени мерки за безбедност и поворка во Атина била обезбедувана од околу 7.000 полицајци, сепак не поминало без насилство. Инцидентите се случиле во атинскиот кварт „Егзархија“, а до судирите и реакцијата на полицијата дошло откако група анархисти почнале да фрлаат кон полицајците од обезбедувањето со камења. Полицијата употребила солзавец и парализирачки гранати против учесниците.

Непосредно пред судирот со полицијата, демонстранти го запалиле американското и европското знаме пред амбасадата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top