| четврток, 6 декември 2018 |

Секое триесетто дете во САД е бездомник

homeless kidsРечиси 2,5 милиони деца во САД (секое триесетто дете), минатата година во одреден период било без дом. Станува збор за историски рекорд, кој е одраз на недостигот од евтини станови, но и на сиромаштијата, сметаат во американскиот Истражувачки институт (АИР).

– Бројот на децата бездомници во Америка доби загрижувачки размери – оценува Кармела де Кандија, директорка на Националниот центар за бездомници.

– Живеејќи во дворови, подруми на соседи, автомобили, камп-куќарки или на уште полоши места, децата бездомници се најневидливите и најзанемарените членови на нашето општество – смета Кармела.

Со овој проблем најзафатени држави се Минесота, Небраска, Масачусетс, Ајова и Њу Џерси.

Меѓу другите причини за бездомништво во истражувањето се споменуваат последиците од рецесијата во 2008-2009 година, економските разлики меѓу расите, семејства со еден родител и семејното насилство.

Истражувањето наведува дека американската администрација ставила на располагање големи средства за борба против оваа појава меѓу поранешните војници, но насочила премалку внимание на децата.

Бројот на лица што живеат под прагот на сиромаштија во САД во 2013 година изнесувал 45,3 милиони, па стапката на сиромаштија од 14,5 проценти е во благ пад за една година, покажува извештајот темелејќи се на американскиот попис од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top