Во штипската Клиничка болница почина и возачот на возилото „форд ескорд“ со радовишки регистарски таблички по сообраќајната несреќа, која се случи утрово околу 8.45 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај месноста викана Шести километар, во близина на штипскиот затвор.
Се работи за 65-годишниот радовишанец Б.К. кој во тешка здравствена состојба бил донесен на Одделението за интензивна нега во Клиничката болница, каде што им подлегнал на повредите.
На самото место загина совозачот во возилото Иле Б. од Радовиш.
Надлежните по извршениот увид ќе информираат кои се причините за сообраќајната несреќа. Според првичните информации, возилото излетало од коловозот и директно удрило во дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


