| четврток, 6 декември 2018 |

Бремената Кејт Мидлтон се појави гола на графит во Лондон

hitportal-kejt-midlton2

На ѕидот на зградата на уметничката галерија „Faith Inc“ во Лондон се појавил графит на кој е прикажана гола бремената војвотка Кејт Мидлтон.

Под делото се чита натписот: „Игра на тронови“.

Уличниот цртеж е дело на 29-годишниот американски уметник Пегаз  (Pegasus), пишува денеска британскиот весник „Метро“. Војвотката е прикажана во последните месеци од бременоста со мала круна на стомакот. Претставник на галеријата рекол дека на овој графит уметникот работел цела ноќ. Уметникот веќе добил две понуди да ја продаде, но ги одбил.

317-419-katrin

Веста дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин очекуваат второ дете е потврдена во септември оваа година.

Се очекува бебето да се роди во април 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top