Педесет и четиригодишниот Иле Б. од Радовиш е лицето што утринава го загуби животот откако автомобилот во кој бил сопатник излетал од патот.
Несреќата се случи во 8.45 часот утринава на магистралниот пат Штип – Радовиш кога автомобил „форд ескорт“, управуван од 65-годишниот радовишанец Б.К., излетал од патот.
Иле починал на самото место, додека возачот со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Штип каде што се бори за живот.
Увидот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.