| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број странски студенти во САД

сад

Бројот на странски студенти кои учат во американски универзитети достигна рекордно ниво. Една третина од нив се студенти од Кина, јавија американските медиуми.

Во извештајот на Институтот за меѓународно образование се наведува дека речиси 900 илјади странски студенти учеле во САД во учебната 2013/2014 година. Тоа е за  осум отсто повеќе во споредба со претходната учебна година.

Во истиот период е регистриран раст од 17 отсто на бројот на кинески студенти во САД. Меѓу другите држави со најмногу студенти и ученици во американски колеџи се Индија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Канада.

Во извештајот се констатира дека и рекорден број Американци заминуваат да учат во странство, но тие поминуваат пократко време во споредба со странските студенти во САД.

Во учебната 2012/2013 година околу 289 илјади американски студенти учеле во странство, што е за два процента повеќе во споредба со претходната година. Најчести дестинации за студирање на Американците се Велика Британија, Италија, Шпанија, Канада и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top