| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се доисплаќаат земјоделските субвенции

subvencii

Неделава треба да почне досиплатата на земјоделските субвенции кон сите приматели што ги исполнуваат условите од законот. Ова беше најавено на минатонеделната средба на премиерот Никола Груевски со претставници на земјоделските здруженија.

На средбата присуствувале Вељо Тантаров, претседателот на Сојузот на земјоделците, Ефтим Шаклев, претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Никола Стаменов, претседателот на Федерација на фармери и Ставре Јанев, претседателот на Синдикатот на земјоделците, како и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

На средбата било посочено дека на оваа тема е разговарано на минатата владина седница и е посочено дека се надминати некои процедурални и технички предизвици и дека предметите се комплетирани и исплатата треба да почне.

Договорено било и дека во согласност со календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември треба да почне исплатата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top