| четврток, 6 декември 2018 |

Победи хуманоста: МПЦ ќе го обезбеди погребот на Иван

Откако на социјалните мрежи почна да кружи апелот за донации за собирање сретства за погребот на момчето кое загина вчера кај Католичка црква, хуманите луѓе веднаш реагираа. неговите другарчиња ги собирале парите и според најновите најави на социјалните мрежи парите се експресно собрани.

Погребот го обезбеди МПЦ и скопската епархија кои веќе контактирале со погребалното претпријатие и реагираа на веста на социјалните мрежи дека е потребна помош на семејството на загинатото момче.

Погребот на Иван е закажан за утре, а во 7.30 часот неговите другари ќе се соберат пред ГУЦ „Здравко Цветковски“, каде донираните пари ќе се соберат за помош на родителите на Иван.

Сите кои сакаат да донираат пари треба да се упатата во Трнодол каде во продавницата има поставена кутија за донации.

На апелот за помош на родителите на Иван се јавија и бројни фирми и институции да донираат сретства со кои ќе му помогнат семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top