| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатиот кај Песочан

На лице место починал Јордан С. (58) од селото Годивје додека со тешки телесни повреди се здобиле И.С. (64), С.С.(64) двајцата од Струга како и З.С. (54)  од Охрид. Со лесни повреди се здобиле Д.Т.(24) и П.Б.(24) двајцата од Охрид.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од Кичево кон Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и се занело по коловозот по што со десна страна удрило во предниот дел од патничкото моторно возило марка „Сеат Кордоба“ со охридски регистарски таблици кое во моментот се движело во правец од Охрид кон Кичево ,а кое било управувано од сега починатиот Јордан С.

Тешко повредените И.С. (64), С.С.(64) и З.С. (54) кои биле сопатници во возилото „Сеат Кордоба“ како и полесно повредените Д.Т.(24) и П.Б.(24) кои биле во возилото „Алфа Ромео“ со возило на брза помош се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. За време на увидот, се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила, а запрени беа тешките товарни возила и автобусите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top