Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во новото издание на Евролигата, а „кралскиот“ клуб е сопрен во Истанбул на гостувањето кај Анадолу Ефес. Домаќините победија со 75-73 во возбудлива завршница. Метју Џенинг со кош со звукот на сирената му донесе победа на Ефес, што значеше и прв пораз за Реал Мадрид.
Триумфалниот од го продолжија Барселона со победа над Панатинаикос од 78-69 и ЦСКА Москва со успех против Лимож. Армејците со фенеоменална игра во последната четвртина направија голем пресврт и славеа со 86-76. Последните 10 минути им припаднаа на гостите со резултат 27-5.
Без услугите на нашиот репрезентативец Војдан Стојановски, Алба Берлин победи на гостувањето во Хрватска кај Цедевита со 80-67, а успех забележа и Сасари Торес на домашен терен против Жалгирис со 92-80.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Распад-систем во Дарушафака, нема вајлд-карта, нема спонзор, ни тренер
-
Патот на Перо Антиќ до третата европска титула (видео)
-
Цепелинот на летечкиот Весели на прво место на најдобрите потези во финалето на Евролигата (видео)



