| четврток, 6 декември 2018 |

Воркохолиците не се добри работници

rabota

Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека воркохолиците не се толку многу продуктивни како што тоа обично се мисли, бидејќи често се разболуваат.

Мелиса Кларк, професорката која го водела истражувањето истакнува дека воркохолиците не се грижат доволно за себе, поради тоа го занемаруваат своето здравје и не се квалитетни и продуктивни работници.

Според нејзините зборови воркохолизмот може да биде штетен и најчесто доведува до неуспешни деловни резултати.

– Живееме во свет во кој се поттикнува воркололизмот. Се смета дека напорната работа треба да се цени. Но овој начин на работа го уништува човекот. Таквите лица се под стрес, склони се кон конфликти, имаат нарушено психичко здравје, а тоа често се одразува на нивното физичко здравје – вели Кларк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top