| четврток, 6 декември 2018 |

Јаховиќ и Георгиевски отстранети од репрезентацијата

Македонските фудбалски репрезентативци Адис Јаховиќ и Даниел Георгивски кои беа најавени како стартери, нема да настапат на натпреварот против Словачка, тие се отстранети од тимот, бидејќи се степале на тренинг.

Од таборот на нашиот национален тим информираа дека двајцата фудбалери го нарушиле кодексот на натпреварување, по што селекторот Бошко Ѓуровски по консултации со техничкиот менаџер Илија Најдоски донел одлука Гергиевски и Јаховиќ воопшто да не бидат во комбинација за мечот со Словачка.

Натпреварот против Словачка се игра утре од 20:45 на националната арена „Филип Втори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top