| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун ќе бара помош од Русија

0000245315-article2

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наскоро ќе испрати свој специјален емисар во Русија, објавува новинска агенција на Северна Кореја. Во пораката на севернокорејска новинска агенција за планираното патување на член на раководството на Корејската работничка партија (КТП), не се прецизира кога ќе се случи тоа и каква е неговата цел.

Од гледна точка на Пјонгјанг добрите односи со Москва, ќе и помогнат на западнатата во криза севернокорејска економија.

Долгогодишниот сојузник на Северна Кореја, Пекинг, ги влоши односите со Пјонгјанг и се налути минатата година, поради неговиот трет нуклеарен обид и постојаните закани за ракетни напади врз Јужна Кореја и САД. Кина дури го поддржа зајакнувањето на санкциите на ОН против Северна Кореја и ги ограничи активностите на севернокорејските банки.

Според соопштение на руското Министерство за надворешни работи, членот на Претседателството на политичкото биро на КТП и секретар на партијата, на состаноците во Русија  ќе разговара за интензивирање на политичкиот дијалог, активирање на трговијата, ситуацијата на Корејскиот Полуостров и Југоисточна Азија.

По Москва севернокорејскиот претставник ќе ја посети Хабаровск и Владивосток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top