| четврток, 6 декември 2018 |

Руско „њет“ за сесловенските соништа

Од­лу­ка­та на Вла­ди­мир Вла­ди­ми­ро­вич вед­наш по по­се­та­та на Бел­град да ја на­ма­ли ди­стри­бу­ци­ја­та на гас за 28 про­цен­ти за Ср­би­ја из­не­на­ди мно­гу­ми­на што се при­ка­жу­ва­ат ка­ко до­бри поз­на­ва­чи на ре­ги­о­нал­ни­те и на гло­бал­ни­те пра­ша­ња. Из­не­на­ду­ва­ње­то бе­ше нај­го­ле­мо кај тие што јав­но го­во­рат за НА­ТО и за ЕУ, а по­тај­но се на­де­ва­ат на по­го­ле­мо ру­ско вли­ја­ние на Бал­ка­нот. Се раз­би­ра, нај­ра­зо­ча­ра­ни беа тие што со гор­дост збо­ру­ваа за во­е­на­та па­ра­да ка­ква што со де­це­нии не­ма­ло во овој дел од све­тот, на ко­ја Пу­тин бе­ше го­стин, но и до­ма­ќин ако се из­ме­ри про­цен­тот на при­ка­жа­но­то оруж­је со ру­ско по­тек­ло

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

На­ма­лу­ва­ње­то на ру­ски­от гас за срп­ска­та еко­но­ми­ја за ре­чи­си ед­на тре­ти­на по­ра­ди тоа што Ср­би­ја од­би­ла до март на­ред­на­та го­ди­на да ги исп­ла­ти дол­го­ви­те кон Ру­си­ја во вред­ност од 200 ми­ли­о­ни евра со­др­жи не­кол­ку сце­на­ри­ја кои, ако до­бро се ана­ли­зи­ра­ат, мо­жат да да­дат јас­на прет­ста­ва за ид­ни­на­та на ре­ги­о­нот.

Спо­ред ед­но од сце­на­ри­ја­та, Ру­си­ја са­мо на­ви­дум ќе го за­пре про­то­кот на гас кон Ср­би­ја за ко­га ќе дој­де вре­ме да се за­тво­рат вен­ти­ли­те во Укра­и­на да мо­же да ка­же де­ка пра­ви­ла­та ва­жат за си­те исто. Ако за неп­ла­ќа­ње на дол­го­ви­те мо­же да се каз­ни еден од ре­тки­те ви­стин­ски ру­ски при­ја­те­ли, и тоа са­мо не­кол­ку де­на по „нај­ус­пеш­на­та“ по­се­та на еден ру­ски ли­дер на Ср­би­ја, то­гаш по­ра­ка­та е јас­на. Ако офи­ци­ја­лен Ки­ев не ус­пее да ги вра­ти или да ги ре­про­гра­ми­ра сво­и­те дол­го­ви кон Мос­ква, то­гаш ќе мо­ра да се сна­о­ѓа или да мо­ли прет­стој­на­та зи­ма да би­де ед­на од најб­ла­ги­те во исто­ри­ја­та. За­ед­но со Укра­и­на, на исто­то ќе тре­ба да се на­де­ва­ат и нај­мал­ку шест член­ки на ЕУ кои го до­би­ва­ат овој енер­гент пре­ку Укра­и­на.

Дру­го­то сце­на­рио, исто та­ка, е ло­гич­но, но со­др­жи еле­мен­ти што на­ви­дум се спро­тив­ста­ве­ни на акту­ел­ни­те ру­ски по­стап­ки од Крим до Бал­ти­кот. Дел од поз­на­ва­чи­те на гла­бал­ни­те те­ми сме­та­ат де­ка Ру­си­ја по­втор­но ја кон­цен­три­ра сво­ја­та моќ на ре­ги­о­ни­те што се на неј­зи­ни­те гра­ни­ци, а не и на тие ка­ко Бал­ка­нот, ка­де што, по­крај оп­шта­та жел­ба на нај­го­ле­ми­от дел од јав­но­ста за членс­тво во НА­ТО и во ЕУ, Мос­ква се со­о­чу­ва и со ло­ги­стич­ки преч­ки. Об­је­ктив­но, до­кол­ку има по­тре­ба, мно­гу по­те­шко е ру­ска­та ар­ми­ја да ин­тер­ве­ни­ра во Ср­би­ја откол­ку што тоа е мож­но во Укра­и­на или во бал­тич­ки­те др­жа­ви. До­пол­ни­тел­но, во Ср­би­ја и на це­ли­от Бал­кан не­ма по­ве­ќе од де­се­ти­на ил­ја­ди Ру­си што се дој­де­ни по Пр­ва­та свет­ска вој­на, со што ни­ту по тој кри­те­ри­ум ре­ги­о­нот не вле­гу­ва во ру­ски­те стра­те­ги­ски пла­но­ви. До­ктри­на­та на Кремљ спо­ред ко­ја во 1991 го­ди­на Ру­си­ја не ја за­гу­би те­ри­то­ри­ја­та на Со­вет­ски­от Со­јуз, ту­ку са­мо ја кон­цен­три­ра­ше сво­ја­та моќ на те­ри­то­ри­ја што мо­же да ја кон­тро­ли­ра, по­втор­но е во игра. И се­га Ру­си­ја вр­ши одре­де­на пре­рас­пре­дел­ба на при­о­ри­те­ти, од­нос­но не ја рас­тег­ну­ва сво­ја­та пр­ва ли­ни­ја на од­бра­на­та иа­ко тоа во ера­та на атом­ско оруж­је и не е мно­гу ре­ле­вант­но стра­те­шко пра­ша­ње.

Што се од­не­су­ва до по­ли­тич­ки­те имп­ли­ка­ции на ру­ска­та од­лу­ка да ја каз­ни Ср­би­ја и со тоа да го пре­диз­ви­ка сил­ни­от ру­ски сен­ти­мент во пол­за на за­пад­ни­те парт­не­ри, со­вет­ни­ци­те на Пу­тин зна­ат што зна­чи тоа во пра­кти­ка. На Мос­ква ѝ е јас­но де­ка со де­лум­но­то ем­бар­го за ру­ска енер­ги­ја и во Ср­би­ја, но и на це­ли­от Бал­кан ќе дој­де до по­го­ле­ма ко­хе­зи­ја ме­ѓу ре­ги­о­нот и Бри­сел, ка­ко и до за­јак­ну­ва­ње на по­ли­тич­ки­те си­ли жел­ни за ЕУ и за НА­ТО.

 

Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да би­де каз­не­та

Од­лу­ка­та на Мос­ква да ја на­ма­ли ис­по­ра­ка­та на гас на Ср­би­ја е ко­рис­на и за над­ми­ну­ва­ње на лаж­ни­те ди­ле­ми да­ли да се оди со Бри­сел и со Мос­ква, кои беа на­мет­ну­ва­ни и ов­де. За раз­ли­ка од срп­ско­то ра­ко­водс­тво кое, освен по­ли­тич­ко­то ко­ке­ти­ра­ње со ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Пу­тин, има­ше и кон­крет­ни еко­ном­ски до­го­во­ри од нај­го­ле­мо зна­че­ње, во Ма­ке­до­ни­ја др­жав­ни­от врв вни­ма­тел­но го пре­ме­ру­ва­ше се­кој збор отка­ко поч­на конф­ли­ктот во Укра­и­на и дој­де до су­дир ме­ѓу член­ки­те на НА­ТО и Ру­си­ја. Во се­кој слу­чај, ни­ту еден од ре­ле­вант­ни­те ма­ке­дон­ски по­ли­ти­ча­ри во ни­ту еден мо­мент не оста­ви про­стор за по­греш­но тол­ку­ва­ње на ма­ке­дон­ски­те стра­те­ги­ски при­о­ри­те­ти. За раз­ли­ка од Ср­би­ја ка­де што и во вре­ме­то на Ми­ло­ше­виќ, но и се­га има вли­ја­тел­ни по­ли­ти­ча­ри што ра­бо­тат на сес­ло­вен­ска фе­де­ра­ци­ја, во зем­ја­ва за це­ло вре­ме на кри­за­та јас­но бе­ше ка­жа­но де­ка единс­тве­на­та цел на Ма­ке­до­ни­ја е да ста­не дел од евро­ат­лан­ски­те ин­сти­ту­ции. Ду­ри и со зна­чи­те­лен дел од на­се­ле­ни­е­то кое што има се­ри­оз­ни сим­па­тии кон Ру­си­ја спо­ред ан­ке­ти­те, Ма­ке­до­ни­ја ин­ди­рект­но да­де до зна­е­ње де­ка, и по­крај опас­но­ста Мос­ква да го сме­ни ста­вот за приз­на­ва­ње под устав­но име, таа ќе го сле­ди па­тот кој тре­ба да ја до­ве­де до членс­тво во ЕУ и во НА­ТО. Да­ли тоа ќе би­де ва­ло­ри­зи­ра­но од за­пад­ни­те парт­не­ри по­ра­ди бло­ка­да­та од Гр­ци­ја и не е тол­ку важ­но кол­ку што е важ­но де­ка во вже­ште­на­та гло­бал­на вој­на за над­моќ Ма­ке­до­ни­ја не соз­да­де не­при­ја­те­ли.

 

Ру­си­ја и ме­ѓу­на­род­но­то пра­во

Офи­ци­јал­на Мос­ква со де­це­нии е поз­на­та де­ка, и по­крај тоа што по­не­ко­гаш ко­га е тоа во неј­зин ин­те­рес го кр­ши ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, вер­бал­но се за­ла­га за при­ме­на на гло­бал­ни­те за­ко­ни при­фа­те­ни во ОН. Во таа игра во свет­ски­те пра­ви­ла вед­наш по ане­кси­ја­та на Крим Мос­ква во сво­ја­та ре­ак­ци­ја твр­де­ше де­ка се ра­бо­ти за ле­га­лен акт кој е сог­ла­сен со од­лу­ки­те на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та, со што ин­ди­рект­но се пов­ле­че од сво­јот став за Ко­со­во, од­нос­но пра­ктич­но го при­фа­ти со­ве­то­дав­но­то мис­ле­ње на МСП во Хаг, спо­ред кое Ко­со­во има­ше пра­во да се от­це­пи од Ср­би­ја со што уште пред се­дум ме­се­ци нај­а­ви де­ка, без раз­ли­ка на исто­ри­ско­то при­ја­телс­тво со Бел­град, ин­те­ре­сот ќе би­де до­ми­нан­тен при до­не­су­ва­ње на ре­ше­ни­ја. Во слу­ча­јот со од­лу­ка­та на МСП за Гр­ци­ја, до­се­га Ру­си­ја не се из­јас­ни­ла пре­циз­но иа­ко ру­ска­та дип­ло­ма­ти­ја пред не­кол­ку го­ди­ни да­де до зна­е­ње де­ка таа ќе го при­фа­ти име­то што евен­ту­ал­но го до­го­во­ри­ле две­те зем­ји, ду­ри и ако со до­го­во­рот не­ма пре­циз­на об­вр­ска за тре­ти зем­ји да го при­фа­тат ре­ше­ни­е­то.

 

Го­ле­ми игра­чи за го­ле­ми игри

Кон­тро­верз­на­та од­лу­ка на Ру­си­ја да им „го свр­ти гр­бот“ на сво­и­те срп­ски при­ја­те­ли тре­ба да по­мог­не по­ле­ка да се рас­чи­стат и дру­ги­те про­це­си во ре­ги­о­нот во кои беа ин­вол­ви­ра­ни го­ле­ми игра­чи на свет­ска­та сце­на. Бу­гар­ски из­во­ри, кои одб­ли­зу ги сле­дат по­ли­тич­ки­те и биз­нис прес­ме­тки ме­ѓу „за­пад­но­то“ и „ру­ско­то“ кри­ло во бу­гар­ска­та јав­ност око­лу из­град­ба­та на „Ју­жен тек“ кој од бу­гар­ска те­ри­то­ри­ја тре­ба да дој­де на срп­ска, ве­лат де­ка вто­ро­во е во де­фан­зи­ва отка­ко „Мос­ква го оста­ви­ла на це­ди­ло Бел­град“, ка­ко што тоа се тол­ку­ва кај про­за­пад­ни­те ме­ди­у­ми во Со­фи­ја. Ка­ко и во се­ко­ја го­ле­ма игра, во прес­ме­тки­те ме­ѓу две­те кри­ла во зем­ји­те од ре­ги­о­нот се спо­ме­ну­ва­ат важ­ни лич­но­сти кои ди­рект­но се оби­ду­ва­ат да ги спро­ве­дат ин­те­ре­си­те на сво­и­те зем­ји. Ако за по­ра­неш­ни­от шеф на ЦИА, Деј­вид Пе­тре­ус, е јас­но де­ка во ре­ги­о­нот бил акти­вен за да го про­мо­ви­ра за­пад­ни­от на­чин на раз­мис­лу­ва­ње и да ги обез­бе­ди ин­те­ре­си­те на САД, за по­ра­неш­ни­от гер­ман­ски пре­ми­ер Гер­хард Шре­дер, кој, исто та­ка, е акти­вен во ре­ги­о­нот, ни­кој со си­гур­ност не мо­же да ка­же да­ли ра­бо­ти за ин­те­ре­си­те на сво­ја­та зем­ја или, пак, за фир­ма­та ка­де што ра­бо­ти – „Газ­пром“, од­нос­но Со­бра­ни­е­то на ак­ци­о­не­ри на га­со­во­дот „Се­ве­рен тек“.

 

(Текст објавен во 114. број на неделникот Република, 7.11.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top