| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една железничка несреќа: двајца емигранти загинаа

Уште двајца емигранти загинаа синоќа по полноќ во железничка несреќа што се случила на пругата Гевгелија – Табановце, информираат од МВР.

covek-na-pruga-3

Товарен воз, кој сообраќал во овој правец, прегазил двајца браќа од Сирија на возраст од 22 и од 23 години, кои загинале на самото место. Несреќата ја пријавил машиновозачот.

covek-na-pruga-2

Железничките несреќи во кои жртви се емигранти од Сирија и од Авганистан се сè почести во Македонија.

pruga

Емигрантите нелегално ја преминуваат границата со Грција и се ориентираат по пругата Гевгелија – Табановце за да го најдат патот кон европските земји. Минатата недела животот го загуби Авганистанец и неговото бебе.

voz-1

Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top