| четврток, 6 декември 2018 |

Фирми со над 35 вработени задолжително да вработат лице со хендикеп

Со законот се предлага квотата на вработени инвaлидизирани лица да изнесува од два до 6 отсто од вкупниот број вработени во зависност од дејноста која ја врши работодавачот, односно максимум 20 во компании со над 1.000 вработени

invalidizirani lica

Компаниите кои имаат над 35 вработени во иднина ќе треба да вработат по едно лице со инвалидност, а оние кои имаат над 1.000 вработени ќе треба да вработат максимум 20 лица со хендикеп. Ова се предвидува во новиот предлог-закон за вработување на лица со инвалидност, со кој се воведува квотен систем на вработување.

Со законот се предлага квотата на вработени инвaлидизирани лица да изнесува од два до 6 отсто од вкупниот број вработени во зависност од дејноста која ја врши работодавецот, односно максимум 20 во компании со над 1.000 вработени.

За вработувањето лица со хендикеп работодавците ќе добијат финансиски стимул, односно ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок за вработените лица со хендикеп, приватните компании ќе добијат и дополнителна парична помош од 200.000 денари за приспособување на работното место во согласност со потребите на вработените лица со хендикеп.

– Ако компаниите со над 35 вработени не вработат лице со инвалидитет, како и во сите земји каде што е воведен квотниот систем, се предвидува паричен надоместок од една минимална бруто-плата која ќе оди во посебен фонд заедно со 10% од придонесите по основа на невработеност кои се плаќаат за сите вработени. Од посебниот фонд ќе се обезбедуваат средства за ресоцијализација и реинтеграција и стручно оспособвање на лицата со инвалидност за подготовка за работа како и за финансиска помош и за поддршка за приватните компании – изјави министерот за труд и социјална работа, Диме Спасов.

Во моментот се евидентирани 290 заштитни трговски друштва со над 6.500 вработени од кои 2.500 се инвалиди. Новиот Закон се очекува да стапи во сила кон крајот на 2016 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top