Српскиот министер за труд Александар Вулин изјави дека Воислав Шешељ се вратил да ја дестабилизира Србија. Со изјавите дека нема доброволно да се врати во Хаг кога ќе треба, најавува несреќа за Србија, нагласува Вулин. Тоа, според него, само ги потврдува неговите тези за Шешељ.
-навреди и закани од него и очекувавме, но тој денеска најави и голема несреќа за Србија кога рече „Јас доброволно нема да се вратам во Хаг“- вели Вулин кој додаде дека Србија сега е во милост и немилост на Хаг. Доколку Трибуналот нареди да се врати Шешељ, ќе мора да го апсиме и да го спроведеме законот
-Трибуналот може кога сака да предизвика судир меѓу Србите. Доволно е само да побараат негово апсење и испраќање за Хаг. Секогаш може да се соберат вжештени глави и да пружат отпор на полицијата. И по сè, по сите години, по целиот труд да се биде нормална држава, сега мора да размислуваме за ова- додава министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.