| четврток, 6 декември 2018 |

Јосифовски: Само Здружението на прволигаши може да го спаси Работнички

Комесарот за натпреварување при КФМ Бобан Јосифовски на денешната прес-конференција ја објасни ситуацијата во врска со прекинатиот натпревар меѓу Работнички и МЗТ и сеуште недонесеното конечно решение.

– Ќе дадам се од себе за Работнички не биде исфрлен во трета лига. Тоа е мојот став и секако ќе го пренесам на новиот состанот на Здружението на прволигашите кој ќе го закажам за утре со цел да се донесе конечна одлука во врска со прекинатиот натпревар. Цел мој авторитет ќе го искористам сите клубови писмено со потпис и печат да дадат подршка на овој мој предлог. Морам да потенцирам дека според актите на КФМ и според тоа што го видов во салата во која бев присутен, а не беше ниту еден член од арбитражната комисија, Работнички треба да се пресели во трета лига.
Секако не сакам клуб со такво реноме и име во кошарката во нашата држава, но и во поранешна Југославија да се пресели во трета лига и со тоа да се уништи нешто што е градено скоро 70 години. Срамота е некој да си игра со реномето на името на Работнички.
Ако клубовите мојот предлог не го прифатат ќе поднесам оставка. Ова го правам од спорстки аспект – изјави уште во воведот Бобан Јосифовски.

– Се прават опструкции од арбитражната комисија и од целото раководство на КФМ. Ова е опструкција кон мене како комесар. Сакаат преку ноќ да свикаат состанок на здружението на прволигашите и да го сменат правилникот. Во тој правилник секако не смее да има решение под план Б или Ц.
Арбитражната комисија се собра надвор од предвиденото време. Требаше да закажат состанок во рок од 48 часа, а ти се собраа ден подоцна и за првпат не го поканија комесарот за натпреварување. Довербата на претседателот Даниел Димевски е разнишана. Ако сакаме да оди кошарката напред тој треба да си замине. Ја прифатив оваа функција бидејќи пред се е спортска. Меѓутоа на некого не му одговара ова – заврши Јосифовски.

Статусот на Работнички е нејасен. Тој според актите е третолигаш, но арибтражната комисија ја промени одлуката и го врати предметот до комесарот Јосифовски и до здружението на прволигаши. Секако случајот не е решен и понатаму продолжува оваа „драма“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top