| четврток, 6 декември 2018 |

Бугајски: Локални политичари може да ја експлоатираат фрустрираноста во Македонија

Американски дипломат и експерт за Балканот Јануш Бугајски оценува дека Балканот влегува во тежок период. Проширувањето на Европската Унија е во застој, а американскиот ангажман е значително намален

bugajskiИнцидентите во Македонија имаат подлога во застојот на интеграциите и фрустрираноста на граѓаните, но можат да бидат експлоатирани од локалните политичари, вели Јануш Бугајски, американски дипломат и експерт за Балканот за МИА.

– Состојбата во Македонија покажува едно ниво на фрустрираност, во македонската и албанската заедница. Има реакција кај Македонците, не само за именувањето на министерот за одбрана, туку и вработувањата на Албанците во јавната администрација согласно принципот на позитивна дискриминација. Кај Албанците, пак, фрустрацијата е дека земјата не оди напред доволно бргу, и околу протестите минатиот петок, прашањето кои стои зад нив и дали полицијата добро се справи. Овие инциденти се испровоцирани од многу фактори и агенти, но не знам дали тоа може да поттикне подлабоката оттуѓеност на двете заедници. САД и Европската Унија можат да испратат осуди, да им кажат на Владата и на опозицијата да седнат и да разговараат, но на крај е прашањето е околу ситуацијата на терен, дали локалните политичари ќе се обидат да ја експлоатираат ситуацијата ако оценат дека е кревка, вели Бугајски, експерт на Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања и Надворешно политичкиот институт на Стејт департментот.

Според него, ангажманот на САД и на Европската Унија е ограничен поради грчката блокада на македонските интеграции.

– Американската дипломатија е тесно вклучена во балканските прашања, но под претседателот Обама, па дури и под претседателот Буш, САД во суштина и ја предадоа палката на Европа. Америка има други приоритети, не може да посвети толку внимание на Балканот како во периодот на војните и по нив. Има и други кризи со кои треба да се занимава.

Американскиот дипломатски ангажман не е ист како порано, а ЕУ е многу поделена во својот пристап, оценува Бугајски. Едно прашање по кое американскиот Стејт департмент се ангажираше е реагирањето кон Албанија, по неколкуте настапи на премиерот Сали Бериша кои предизвикаа контроверзии. Бугајски вели дека играњето на националистичката карта од страна на Бериша и појавувањето на националистички партии во Албанија и во Косово е потенцијално загрижувачка работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top