| четврток, 6 декември 2018 |

Русија предупредува на ризик од нови видови птичји грип

grip

Руски претставници во регионот Новосибирск предупредија денеска на голем ризик од појава на два нови видови вирус на птичји грип кои се регистрирани во Кина, јави ТАСС.

Во Кина се појавиле вирусите H5N3 и H5N8, соопштија надлежните служби во Новосибирск.

Во соопштението е предупредено дека постои висок ризик од ширење на овие вируси на територијата на Русија, особено во југозападниот дел на Сибир и во регионот Новосибирск.

Властите барале локалните живинарски фарми да ја зајакнат контролата и да извршат лабораториски тестови поради евентуална појава на птичји грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top