Велика Британија ќе привлекува богати туристи и бизнисмени со брзи визи, пишува лондонски „Дејли телеграф“.
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерун, објавил дека бројот на дипломатските претставништва што ќе издаваат документи во рок од 24 часа, ќе биде зголемен. Во моментов визи во рамките на едно деноноќие се издаваат во конзулатите во Индија и во Кина. Лондон планира проширување на мрежата и да издава брзи визи во Јужноафриканската Република, Обединетите Арапски Емирати, Тајланд и на Филипини.
Слични услуги ќе се нудат и од британските дипломатски претставништва во Њујорк и во Париз.
Визите чинат 600 фунти и ќе привлечат богати инвеститори и туристи, додава медиумот во коментар на изјавата на Камерон, малку пред тој да замине за Австралија, каде што почнува средбата Г-20.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.