| четврток, 6 декември 2018 |

И познати личности на распит во МВР за евентуално местење на „Скопски фестивал“

Во голема акција на МВР синоќа, по претрес на неколку скопски локали, на распит во полициска станица се донесени неколку лица, под сомнение дека учествувале во измама во телефонското гласање на синоќешниот „Скопски фестивал“. Полицијата при преземените мерки одзела голем број телефонски картички, со кои се верува дека се направила измама во гласањето.

Порпаролот на МВР Иво Котевски за „Република“ потврди дека меѓу повиканите лица се наоѓаат и познати личности.

– Се работи за класична измама со која директно би се оштетил буџетот на Република Македонија. Имено, правилото гласи дека смее да се гласа само еднаш од еден телефон, а со организираното купување телефонски картички и гласање од нив, се прекршува законот – вели Котевски за „Република“.

Ова е прва ваква акција на Министерството и  доколку се докаже малверзацијата, ќе следуваат соодветни пријави и мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top