Најдобриот фудбалер на светот на сите времиња, Бразилецот Пеле синоќа бил хоспитализиран поради болки во стомакот.
Тој бил поканет на свечена прослава која била организирана во негова чест во областа Сантош. Трократниот светски шампион морал да го откаже присуството на промовирање книга која е напишана за него.
Неговиот пријател Жозе Форнос Родригез изјави дека тој е хоспитализиран од превентивни причини.
– Имаше болки во стомакот и однесен е во болница на снимање. Сега се чувствува подобро и во брзо време ќе биде пуштен дома – изјави Родригез, кој не прецизираше кога Пеле ќе биде отпуштен од болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


