| четврток, 6 декември 2018 |

Градникот на Мерилин Монро ќе се продава на аукција

prodavat-na-tyrg-sutiena-na-merilin-monro-267667

Колекција од околу 300 предмети на Мерилин Монро ќе бидат продадени на аукција на 6 декември во Беверли Хилс.

Колекцијата вклучува околу 300 предмети: писма, фотографии, облека, па дури и градник на актерката.

1415774755913_Image_galleryImage_This_photo_provided_by_Ju

Меѓу предметите кои ќе бидат продадени од „Julien’s“, најголем интерес предизвикуваат писмата од вториот сопруг, бејзбол-играчот Џо Ди Маџо, напишани во 1954 година, веднаш по прес-конференцијата, на која Монро објави за нивниот развод. Ди Маџо, сепак, не сака да се раздели со партнерката и преку напишаните писма ја моли за втора шанса.

1415774666443_Image_galleryImage_This_Friday_Nov_7_2014_ph

– Те сакам и сакам да бидам со тебе. Ништо не сум сакал толку силно, како да ја вратам твојата доверба – напишал Ди Маџо.

На аукцијата ќе бидат понудени и подароци и писма од третиот сопруг на русокосата убавица, драматургот Артур Милер, како и од нејзините пријатели, актерите Кларк Гебл, Кери Грант и Џејн Расел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top