Нема напредок во разговорите за името, а ниту, пак, нов предлог за решавање на овој долгогодишен проблем. Се разгледувале „некои идеи од минатото до каде можат да функционираат, како да се допрецизираат и подобруваат“. Оваа изјава на посредникот Метју Нимиц не е ниту нова ниту ексклузивна. Напротив, може да се пушти снимка од пред неколку години, и нема да се погреши.
И Бранко Героски тоа добро го знае. Го научил во своето долгогодишно битисување низ медиумите. Но, Геровски во стил на трилер-филмовите со агентски игри, на уште незавршени разговори во Њујорк, вчера печати насловна информација во памфлетот „Слободен печат“ дека „Нема клима Метју Нимиц формално да го испорача предлогот ’Горна’“.
Иако посредникот го демантира, тој продолжува со своето тврдење и објавување на некакви „ексклузиви“. Неговата ексклузива со предлогот Горна Република Македонија беше далеку од ексклузива. Тој предлог го објави и БИРН, а на тоа се налепија опозициските новинари… А, всушност, се работи за стар предлог, кој беше познат од пред една година. Самиот посредник Метју Нимиц го брифираше до медиумите, а и лидерот на ДУИ Али Ахмети го потврди уште во 2013 година.
Јасно е дека Героски и другите платеници на Сорос манипулираат. Доколку Геровски и пријателите сметаат на целосна амнезија и краткоумност во Македонија, малку се излажале. „Нова ТВ“ на Борјан Јовановски и на Билјана Секуловска уште пред една година објави дека предлогот на Нимиц е Горна Република Македонија. Година и пол пред Геровски… Во април 2013 напишаа:
– Горна Република Македонија е името што ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку седум до осум години, колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, стои во најновиот предлог за решение на името до чиишто детали дојде „Нова“ од дипломатски извори инволвирани во преговорите.
Кога и како се развиваше приказната
Интересно е што секогаш кога има средба со посредникот Нимиц, се пуштаат пробни балони од медиумите финансирани од Сорос. Еве кога и како се развиваше приказната во последните неколку месеци за наводните предлози и менување на името, кои изминативе месеци ја развиваа медиумите на Сорос.
Порталот „Либертас“на Ацо Кабранов на 12 август напиша дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за промена на името на државата во пресрет на самитот во Берлин. Насловот е „Kасата е празна“, вмровците да се подготват за ново име без чепкање во идентитетот! Изворите на кои „Либертас“ се повика за нив биле соодветни и веќе одлуката била донесена и единствено се чекал самитот во Берлин на 20 август и средбата со германската кацеларка Ангела Меркел. Помина самитот, не се случи тоа што го најавуваа…
По неколку месеци – „Слободен печат“ открива – нивиот предлог е името „Република Горна Македонија“, јазикот македонски, а народот „граѓани на Горна Македонија/ преземено од „Либертас“, „Телма“, „Нова ТВ“, „Вести 24“…. 14.10.2014
SKY MK – ЌЕ ГО СМЕНАТ ЛИ ИМЕТО: Името „Република Горна Македонија“, јазикот македонски, а народот „граѓани на Горна Македонија“? (14.10.2014)

24 вести– Република Горна Македонија – последен предлог на Нимиц? (14.10.2014)
Алсат М – Република Горна Македонија- Ова е новиот предлог на Нимиц? 14.10.2014
Плусинфо: Атина се спрема за предлогот од Нимиц, Скопје се расправа со „Слободен печат“(16.20.2014)
Се приклучуваат и други медиуми со странски агенди, како Радио Слободна Европа, кои, ете пренесоа божемна анкета „дека повеќето сакаат ова прашање да се затвори во интерес на евроатлантската иднина на Македонија и подобар живот за граѓаните“.
Од синоќа истите медиуми само технички ја пренесуваат веста дека нема нов предлог од Нимиц…
Ќе има ли извинување?
Е сега Геровски, откако беше демантиран од Нимиц, на втората страница ретерира од сите досегашни најави во последните недели за нов предлог, вешто манипулирајќи и затскривајќи се со ставови на познавачи- дека во „вакви околности Нимиц нема да изнесува формален предлог“. Бил Геровски во право, ама немало клима да се оствари тоа што тој го најавил…
-Кај се бе сега куририве и генијалциве од „Република“ да гукнат? Нели Геро го „измисли“ новиот предлог на Нимиц? А? Будали едни.., напиша Героски…
Тука сме ние, само предлогот на Нимиц вчера го немаше… А тука е и истото прашање што го поставивме пред некое време – чии интереси се обработуваат со објавување на невистините за спорот за името од страна на Геровски и на медиумите поддржани од Сорос?! Кој имал корист од пласирање ваква шпекулација во јавноста? И поважно – зошто Геровски прифатил да биде тој што ќе им направи услуга, притоа наштетувајќи ѝ на сопствената земја и на нејзините позиции во спорот за името. Очигледно бевме во право што не ја сфативме сериозно информацијата на Геровски кога ја извади својата „ексклузива“ добиена од „свои извори“ дека Нимиц подготвува предлог „Република Горна Македонија“. Сега отворено прашувавме зошто уредникот му дозволил на изворот од него да прави циркусант? Зошто Героски упорно цели да ја искриви целата ситуацијата изедначувајќи ги негативните решенија и позитивните аспекти од последниот предлог на посредникот пред македонската јавност?
И сега господине Героски, откако и „формално“ признавате дека манипулирате со јавноста за некаков предлог, ќе ѝ се извините ли на истата јавност? Ќе признаете ли дека ја играте улогата на „опипувач на пулсот“ пуштајќи „балони“ подготвени од надвор преку вашите портали? Ќе ја признаете ли ваквата ваша агентура одработувајќи за интереси што нималку не се Македонски? Ќе ги повлечете ли ставовите што ги пласиравте, па пренесовте преку сестринските интернет-портали?
„Република“ на средната на октомври ве праша:
Зошто секогаш кога грчката влада преку своите медиуми и новинари ќе пушти информација што е стратегиски корисна за Атина, Геровски и неговите медиуми се лепат на неа. Доколку се работи за незнаење и за аматеризам, македонските граѓани, можеби, ќе простат, но ако се работи за смислено сценарио во кое со знаење учествуваат и македонски актери, а во него се инволвирани и пари и други материјални моменти, тогаш последиците можат да бидат многу потешки, особено за совеста на тие што свесно се вклучуваат во игрите на јужниот совест.
Ќе им се извини ли „Слободен печат“, пред сѐ, на своите читатели за објавената инфорамција ако таа не се оствари во предвидениот рок. На поширокиот слој македонски граѓани Героски сигурно нема да им се извини затоа што досега имаше многу случаи кога медиумите под негова контрола со изнесени лаги и шпекулации креираа штетни ситуации во земјава, а извинување од него никогаш не дојде.
Прашањата и сега се исти…
Дали се работи за незнаење и за аматеризам или за смислено сценарио, Героски? Или се работи за „извршување без прашање“? Така како што колешката Мирка Велиновска го пренесе описот и одговорот на Љ. Д. Фрчковски зошто токму Бранко Героски е неговиот избор за „Дневник“. Дали, навистина, во себе Героски смета дека со ваквите вести не ги слабее државните позиции? Зошто сака македонската јавност да смета дека позитивните решенија се исто толку лоши колку и негативните, а со тоа и да ја ослабне позицијата на македонската страна?
П.С. Интересно, во моменти кога токму Героски праќа ученици да ја напаѓаат „Република“, барајќи го потписот за текстот „Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат“, во памфлетот „Слободен печат“- текстот „Нема клима Нимиц формално да го испорача предлогот ’Горна’“- е непотпишан.
Во текстот за кој тој и неговите новинари се интересираа него никој не го прогласил за агент… Тоа е комплимент, функција до која тој не може да дојде. Сонува да дојде… Ама никој не сака агенти како него кои само трошат пари а немаат резултати. Тој се нуди со шпекулации како оваа дека ќе има нов предлог. И кога Нимиц изјави дека НЕМА нов предлог станува јасно дека ОДРАБОТУВА за некои туѓи интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст













