Продолжува и натаму трендот на облачно време. Само што денеска облачноста ќе донесе релативно слаб и повремен дожд во поголем дел од земјата. Според Метеопро, јужниот и западниот регион очекуваат позачестена појава на дожд, но не станува збор за некој особен интензитет. Ќе дува слаб, претежно југоисточен ветер.
Утрото, како и претходните, ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе биде во границите од 7 до 11 Целзиусови степени.
Максимална температура околу 14 степени се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 15 степени. Најтопло ќе биде на југоисток, каде што максималната температура на воздухот ќе има вредност до 17 степени.
Во скопското подрачје повторно се очекува облачно време со сосема слаб, повремен дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 10 степени. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне до 14 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.