| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени шест странски државјанки во тетовски клуб

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Тетово ноќеска, еден час по полноќ, извршиле контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово, при што се затекнати шест странски државјанки, од кои пет од Република Бугарија и една од Република Србија, кои работеле нелегално односно без работна дозвола.

Во „Бабилон“, сопственост на 37-годишниот тетовец А.Б., соопшти денеска МВР, странските државјанки на возраст од 24 до 28 години, се приведени и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Денеска предпладне шесте девојки беа изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Тетово, кој им изрече парични санкции, потоа забрана за влез во Република Македонија од една година, како и нивно депортирање во матичните земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top