Уредникот и водител на популарната емисија за безбедност во сообраќајот САТ, Мирко Алвировиќ предизвикал сообраќајна несреќа во Нови Белград, кога со својот автомобил удрил во трамвај.
– Алвировиќ со својот автомобил „тојота“ непрописно свртел на раскрсница и удрил во трамвај, изјавиле од полицијата.
Оттаму велат дека е иронично како водителот кој води емисија за безбедност во сообраќајот, не знае дека трамвајот секогаш има предност доколку возачот поминал на зелено светло.
Во несреќата нема повредени, но причинета е поголема материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.