Џон Бренан денеска положи заклетва како директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), откако вчера американскиот Сенат го одобри неговото именување.
Според соопштението на Белата куќа, тој положил заклетва на неофицијална церемонија пред потпретседателот на САД Џо Бајден.
Бренан, ветеран на ЦИА со 25-годишен работен стаж, беше највисокиот советник на американскиот претседател Барак Обама за борба против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


